петок, 22 мај 2026

Урната дивоградба на Кале

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Општината, градбата која е отстранета е објект од втора категорија, со димензии 10 метри на 5,5 метри, изграден од армирано бетонска конструкција, на земјиште сопственост на државата.

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар по извршениот вонреден надзор, постапувајќи по член 134, став 1, алинеа 1 и член 137, став 1 од Законот за градење, донесе решение за отстранување на објектот, затоа што инвеститорот не поседува одобрение за градба и останата документација. Инвеститорот, согласно членот 142 од Законот за градење, има три дена за сам да постапи по решението. Откако истиот не постапил, Секторот за инспекциски работи присилно го отстрани објектот.

Општина Центар упатува апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ