петок, 22 мај 2026

Станбени блокови, кули, хотел, интимни дворови за станарите, парк-ливада…

Објавено на

часот

Сподели

Извештајот што го објави Општина Центар се однесува на три конкурсни трудови кои на жири комисијата предводена од арх. Миодраг Радоњиќ  Бато – Претседател, делегиран од АА при ААМ биле предадени на 05.10. 2021год.

За идејно решение за локалитетот на фабриката „Треска“, прворангиран е конкурсниот труд со шифра „ГДВОР“ со доделена втора награда во износ од 369.000,00 денари изработен од група автори Јован Ивановски, Паолина Милушева, Теа Дамјановска, Михајло Стојановски, Билјана Темелковска и  Маја Јанковска. Со конкурсното решение се предлага просторен концепт оформен од пет полуотворени станбени блокови, отворени кон централниот парковски простор со комбинирана катност од  П + 4 до П + 8 лоцирани долж ул. „ Ф. Рузвелт“, централно поставен парк подолжно во правец север-југ како и станбени низови со катност П + 3 и П + 4 долж улицата „А. Циборовски“. Со самата форма на блоковите оформени се интимни дворови за станарите и истите се поплочани и озеленети и сите се ориентирани кон централниот парк.

Второрангираниот конкурсен труд со шифра „SRHNC“ со доделен откуп во износ од 30.000,00 денари, е дело на Сара Симоска, Лимба Минова Златески, Ружица Станковиќ, Нина Стрезовска,  Христијан Пелтековски и Теодор Ангеловски. Со ова конкурсно решение се предлага просторен концепт оформен од станбени блокови со катност П + 6 и станбени кули со катност П + 17, со намена А2 – домување, поврзани меѓу себе со внатрешни отворени атриуми. Композицијата на станбените целини е со високи и пониски објекти и партерното уредување и организација на атриумите со содржини за одмор, рекреација и можности за културни збиднувања.

Автор на треторангираниот конкурсен труд со шифра „КСИНГ“ со доделен откуп во износ од 30.000,00 денари е Јане Стојаноски. Неговото конкурсно решение се базира врз сеопфатна анализа на поширокото градско подрачје со цел да се интегрира просторот на ф-ка „Треска“ преку препознатливи вертикални акценти долж улицата „ М.Т.Гологанов“. Конкурството решение нуди вертикален елемент- кула од 71,60м со П + 16 со намена Хотел, на аголот на улиците „М.Т.Гологанов“ и „Рузвелтова“ со голема парковска површина – парк- Шума и парк – Ливада со водена површина помеѓу, со што се овозможува интеграција на населбите „ Буњаковец“ и Тафталиџе“. Домувањето е концетрирано во два атриумски блока како реминисценција на „ Железничка колонија“ и два линеарни станбени блока,  долж улицата „Адолф Циборовски“. Предвидените станбени единици се главно дуплекс станови. Во проектот е вклучена и детска градинка лоцирана периферно во директен контакт со зеленило.

Овие три трудови за кои жири комисијата дава различни оценки во следниот период ќе бидат изложени во Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ со цел граѓаните да ги видат и нивните графички прикази.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ