петок, 22 мај 2026

СДСМ: Арсовска ем нема мерки против загадувањето, ем ги скрати парите за зеленило

Објавено на

часот

Сподели

Од СДСМ велат дека нема пари ниту за нови паркови, иако Арсовска ги ветуваше, нема да има нови паркови во Аеродром, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Чаир.

„Во услови кога скопјани дишат нечист воздух неодговорно е да се намалуваат парите за животна средина, да се намалуваат парите за зеленило, за паркови, за нови садници. Арсовска покажува голема неспособност. Тоа не е менаџирење туку незнаење. Затоа треба да ги продолжи сите мерки и проекти кои што во изминатите 4 години дадоа резултати. Вака Арсовска не може да обезбеди чист воздух и здрава животна средина“, пишува во соопштението од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ