петок, 22 мај 2026

Општина Кисела Вода ги стопираше плановите за Расадник и Црниче

Објавено на

часот

Сподели

Жалосно е што Кисела Вода како општина беше прва на удар на градежната мафија. Уште повеќе, жалосно е што претходната локална власт била дел од таа градежна мафија и шурувала, била нејзина поддршка во општината. Од денот на преземање на општината, увидовме многу грешки и неправилности во постапки на веќе реализирани проекти“, велиЃорѓиевски.

Инвеститорите, колку и да се блиски со партиите Ѓорѓиевски рече дека ќе се соочат со законот доколку се обидат да вршат притисоци, уцени, закани или влијание врз планерските ќуќи. Рече и дека ќе се урива секоја дивоградба која е надвор од параметрите на планското градење. Новиот закон за легализација на дивоградби смета дека не е во интерес на граѓаните.

Ѓорѓиевски рече дека во рамки на проект „Стоп за урбаната мафија“, е започната ревизија на 34 плана кои беа во различни фази на донесување.

Граѓаните на Кисела Вода веќе имаат можност да пристапат на веб-страницата на општината и да направат увид во секој план, можат да направат увид во сопствената градежна парцела и да проверат што на тоа место е предвидено да се гради.

Кисела Вода мора да биде општина каде што граѓаните ќе одлучуваат за урбанистичките планови, а не урбаната мафија која, за да ја запреме, потребна ми е и вашата помош. Ве повикувам сите да направите увид во урбанистичките планови и сите ваши забелешки, сугестии и предлози за измени, дополнувања или укинувања на цели, или делови од плановите да ни ги доставите во рок од 30 дена. Образецот на кој може да ги наведете вашите предлози е достапен на веб-страницата, како и во архивата на општината. Пополнетиот образец може да ни го доставите на [email protected], или во архивата во седиштето на општината. Сите поднесени барања ќе бидат разгледани од Комисијата за урбанизам на Општина Кисела Вода, како и од партиципативното тело на граѓаните на Кисела Вода и по истите ќе се поведат конкретни постапки согласно законските прописи“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој информираше дека ДУП за Градска четврт Ј 20 блок 3, или План за дел од Црниче е стопиран, а по празниците ќе биде спроведена јавна презентација.

Заклучно со февруари 2022 година ќе биде објавен меѓународен конкурс за изработка на идејно решение за ДУП Расадник, по што најдоброто решение ќе го изберат граѓаните на Расадник. По изборот на идејното решение, ќе се пристапи кон изработка на новиот ДУП за Расадник“, нагласи Ѓорѓиевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ