„Среќен сум што Советот ја изгласа оваа моја иницијатива и дека конечно ќе се слуша гласот на граѓаните. На ова место во нашата програма предвидовме да има парк од 5.000 м2 со Монтесори содржини“, напиша на својот фејсбук-профил, градоначалникот Тимчо Муцунски.
„Неопходна е (очајно), иницијатива за утврдување на сите видливо зелени површини и појаси во Аеродром, како Д класи во урбанистичките планови. Има многу зелени површини, кои со години се негувани, наводнувани, одржувани, на кои се садени дрва и кои низ децении прераснале во наша зелена гордост и љубов. Неопходна е стратегија да истите се вметнат како такви и во урбанистичките планови, без разлика на видот на сопственоста. Јасно да бидат дефинирани, односно испланирани – да се знае јасно нивната намена. Сѐ дури се вон план, тие се мета на многу играчи во урбаниот и градежниот бизнис и се демнат како „неизградено земјиште“. Да не се повтори она што се случи во Три бисери, Стар Аеродром или токму во оваа четврт во Ново Лисиче. Аеродром да остане гордост во урбаното планирање“, стои во објавата на групата „Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче – воздух сега!“.
За новата општинска зграда Муцунски вели дека ќе се гради на нова локација и за многу помалку средства од предвиденото.






