петок, 22 мај 2026

Мотокултиваторче како еко – машина низ центарот на Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Мора да се признае дека мотокултиваторџијата ги почитува мерките од Комисијата за заразни болести на Венко Филипче, носи маска на лицето, а колку што може да се забележи и без да инсистира на тоа, учесниците во сообраќајот како и пешаците одржуваат доволна дистанца од него.

Има и покрив над главата, зашто не се знае, во секој момент може да заврне. Приколката има доволно простор за „кабаст“ отпад, а „еколошката“ вреќa се знае, носи пластични шишиња. Работите си се на свое место селектирани за рециклирањето да оди како подмачкано.

Освен тоа, мотокултиваторчето иако произведува извесно загадување на воздухот со неколкуте коњски сили во моторот, веројатно помало од бесните многукубижни автомобили, сепак не произведува биолошки отпад како што тоа е случај со живите запреги кои и натаму можат да се видат по улиците на главниот град. И по тоа нив може да им се следи трагата.

Борбата за живеачка од први до први во месецот секако, продолжува, кој како знае и колку може, и кој со што има како средство за работа.

Ех, вечно Скопје!

П.Џ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ