петок, 22 мај 2026

ЈСП бара помош од Владата, билетите не поскапуваат, а крајна опција е редуцирање на возниот ред

Објавено на

часот

Сподели

На средбата со новинарите, по последното покачување на цената на метанот за речиси 130 отсто, тој информираше дека на метан возат 33 нови автобуси на МАН, кои се дел од возниот парк на претпријатието. За нив, како што рече, на годишно ниво, горивото чинеше околу 1 милион евра, а со новата цена ќе требаат нешто повеќе од 2 милиона евра.

Според Илиевски, помош од Владата е единствена опција за ЈСП Скопје да ги надмине дополнителните енормни трошоци, имајќи предвид дека 33 возила го користат гасот како погонско гориво. За Илиевски, еколошкиот момент е побитен од економскиот, па од тие причини не планира да ги „паркира“ еко возилата.

„Овој ценовен шок дополнително ќе има негативно влијание за и онака нашата лоша финансиска состојба, па од тие причини, автоматски сме принудени да размислуваме какви мерки да преземеме, а тие да не се одразат лошо на квалитетот на јавниот превоз, односно на услугите кои ЈСП Скопје ги нуди на скопјани. Затоа и бараме помош од централната власт. Ќе го следиме развојот на настаните и во зависност од исходот ќе делуваме. Крајна опција, во случај да не ја добиеме бараната помош е редуцирање на возниот ред. Во меѓувреме, можеби ќе побараме и дополнителни наменски субвенции од Град Скопје, односно од Советот кои и досега имаа разбирање за нашата состојба и бескрајно сум им благодарен за целата соработка и поддршка“, изјави Илиевски.

Во моментов, ЈСП Скопје има долг од 240 милиони денари кон добавувачи, но, истовремено крати на непродуктивни трошоци за да може претпријатието финансиски да се стабилизира. Илиевски прогнозира дека за 6 месеци, под услов да се продолжи со домаќинско и продуктивно работење, ЈСП Скопје ќе ги надмине загубите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ