петок, 22 мај 2026

Градот Скопје беше ставен пред голем предизвик дали ќе може да се организира прослава за новогодишната ноќ

Објавено на

часот

Сподели

Од СДСМ претходно обвинија дека фирма на Петар Георгиевски Камиказа го обезбедила озвучувањето за новогодишната прослава, а од Град Скопје реагираа да престанат вакците напади, за како што велат, „настани кои немаат никакви финансиски импликации на работата на градот”.

Од Град Скопје велат и дека буџетот бил лошо воден од претходното раководство, а изведувачите, озвучувањето и осветлувањето не биле ангажирани од градот.

„Оваа година токму поради потрошениот буџет од претходното раководство и лошото планирање, Градот Скопје беше ставен пред голем предизвик дали воопшто ќе може да се организира прослава за новогодишната ноќ. Прославата беше овозможена поради активирањето на неколку општествено одговорни компании што се понудија да ја организираат манифестацијата. Средствата за дочекот се директно платени на изведувачите и Градот Скопје нема никакви финансиски импликации од новогодишната прослава на градскиот плоштад”, се вели во реакцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ