петок, 22 мај 2026

Градоначалникот на Општина Центар е задолжен да поднесе извештај за ДУП-от за Водно и Капиштец

Објавено на

часот

Сподели

„Има несоодветни решенија и многу грешки во овој план. Секојдневно добиваме поплаки од граѓани и овде мора да се преземат сериозни мерки. Една мерка е овој вонреден надзор, што може Општината да го побара за да се утврдат состојбите по поплаките од граѓаните. Можеби може во следното прочистување на програмата да се побараат и суспензии во блоковите каде што има сериозни проблеми. Ништо нема да изгубиме“, рече советничката Дивна Пенчиќ од „Шанса за Центар“.
 
Пред гласањето, советниците од СДСМ побараа образложение зошто до сега се чекало за вакво барање и зошто граѓаните се обраќаат до Државниот инспекторат преку Општината, а не директно.
 
ДУП-от на Водно ги опфаќа и куќите на улицата „Питу Гули“, каде фирмата „Маркеза“ веќе огради дел од шумата каде е планирано да се гради куќа. 
Барањето на Шанса за Центар беше поддржано од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
 
Советниците на Шанса за Центар од градоначалникот на Општина Центар за бараат стопирање на сите градежни зафати на Водно.
 
„Бараме итно да се запрат сите градежни активности на Водно. Да се запре со сечење на шумата на Водно.
 
Се води судски спор “Плацови на Водно”, со кој се истражува и преиспитува законитоста па постапките за продажба на земјиштето. Со тоа бараме да не се преземаат никакви активности во подрачјето, сѐ до правосилно завршување на судскиот процес.
 
Сето ова е во прилог на заштита на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните, кои се загрозени од сечата на шумата и градењето. Научно и со анализи е докажано дека шумата на Водно има клучно значење за заштита на Општина Центар од поплави и порои и е круцијална во борбата против загадувањето на воздухот.
 
Бараме да се избегнат и големите трошоци за пробивање на исклучително стрмен пристапен пат до локациите на кои се планира градба, а со тоа и да се заштити правото на приватна сопственост на жителите на кои им се планира одземање на делови од дворовите за пробивање на патот.
 
Бараме општината итно, јасно и со конкретни мерки да застане во одбрана на јавниот интерес и безбедноста на граѓаните“, велат од Шанса за Центар.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ