петок, 22 мај 2026

Арсовска: Луѓето планираат да се селат на Марс, па можен е и бесплатен превоз

Објавено на

часот

Сподели

На денешната средба со медиумите Арсовска ги претстави чекорите кои ќе ги презема во иднина за остварување на ветувањата кои беа дел од нејзината програма во предизборниот период.

Сепак, како што рече, ќе се најде начин целиот процес околу БРТ превозот да биде квалитетно менаџиран.

„Јас БРТ не ветив, јас ветив брз навремен и беплатен превоз и 250 автобуси, БРТ беше на претходниот градоначалник, кој што не беше избран, што би значело дека граѓаните не го одбраа овој проект. Јас ќе се фокусирам само за она за кое скопјани ми дале мандат”, порача Арсовска.

Со цел наоѓање идеално решение најави дека ќе одржи состанок со експерти, како и лица кои биле вклучени во активностите.

Паралелно се надоврза на нејзиното ветување за слободен јавен превоз за сите граѓани, ветување кое наиде на голем број реакции.

„Луѓето планираат да се селат на Марс и патуваат до месечината, сѐ е возможно, па така возможен е и бесплатниот градски превоз. Имено, станува збор за нешто што е имплементирано во други развиени земји”, појасни таа барајќи да и се даде потребно време за реализација.

„Досега не се бараше отчетност за лошото менаџирање, а за мене се бара за два дена мандат, јас тоа што го кажав ќе го реализирам меѓутоа не можам за два дена, првенствено дојдов тука, а половина од вработените се заминати на работа”, изјави Арсовска.

Таа најави и дека во иднина ќе бара отчет за потрошените средства од продажбата на Градската куќа.

Одговарајќи на новинарско прашање, исто така, соопшти дека по изборот на функцијата се откажала од позицијата почесен конзул на Унгарија.

Информира дека наишла на многу проекти потпишани од поранешниот градоначалник и како што рече, доколку се во интерес на градот и во согласност со законските прописи ќе бидат реализирани до крај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ