четврток, 21 мај 2026

Од 1.726 тестирања, 112 нови случаи на ковид-19, 12 починати

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје се регистрирани 82 нови случаи, во Кавадарци – 8, Куманово – 6, Прилеп, Битола, Неготино и Крива Паланка – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Делчево и Македонска Каменица – по 1.

Од оздравените пациенти најмногу се од Скопје – 175, Куманово – 46, Струмица – 27, Кавадарци – 23, Штип – 20, Тетово – 18, Битола – 12, Дебар – 10, Валандово – 9, Свети Николе – 8, Гостивар и Пробиштип – по 7, Велес и Кочани – по 6, Прилеп, Крива Паланка, Кичево, Ресен, Гевгелија и Берово – по 4, Неготино, Радовиш, Кратово, Крушево и Пехчево – по 3, Македонска Каменица и Македонски Брод – по 2, Охрид и Виница – по 1.

Седум починати лица се од Скопје и по едно починато лице од Куманово, Струмица, Штип, Дебар и Велес. Сите пријавени лица се починати во болнички услови, а најмладиот починат денеска е 37 годишно лице од Дебар

Досега во земјата се направени вкупно 1.279.154 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 189.999 бројката на оздравени пациенти е 171.375, на починати е 6.607, а бројот на активни случаи изнесува 12.017.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ