Со оваа стратешка инвестиција, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигнува 2,15 милијарди евра. Она што дополнително влева сигурност кај депонентите и инвеститорите е нивото на вкупен капитал на банката, кој сега изнесува 412 милиони евра. Овие бројки ја позиционираат Халкбанк како една од најсилно капитализираните банки во регионот.
Најновата докапитализација е продолжение на континуираната поддршка што Халкбанк ја добива од својата матична банка, која и во изминатите години повеќепати инвестираше во зголемување на капиталот и развојот на банката во Македонија. Таквата конзистентна поддршка претставува силен сигнал за доверба во домашниот пазар, но и во капацитетот на Халкбанк да испорачува одржлив раст и иновативни банкарски решенија.
Зголемувањето на капиталот не е само финансиски показател, туку стратешка одлука која овозможува зголемен кредитен потенцијал, поголема поддршка за македонското стопанство и граѓаните преку поволни кредитни линии и продолжување на инвестициите во најсовремени финтек и дигитални решенија. Во услови на глобални економски предизвици, ваквите потези значат дополнителна сигурност за клиентите и партнерите на Банката, бидејќи обезбедува највисоко ниво на капитална адекватност, што е гаранција за сигурноста на сите заштеди и вложувања.
„Оваа докапитализација е потврда дека Халкбанк не е само финансиска институција, туку долгорочен партнер на македонската економија. Со поддршка од нашиот силен сопственик, продолжуваме да градиме банка која е синоним за доверба и напредок,“ велат од банката.
Со засилен капитал и стабилна актива, Халкбанк е подготвена уште поинтензивно да ја поддржува економијата, да финансира развојни проекти и да биде двигател на позитивни промени во општеството. Истовремено, оваа докапитализација ја потврдува стратешката определба на банката за долгорочно присуство и раст на македонскиот пазар.
Халкбанк останува посветена на создавање вредност, за луѓето, своите клиенти, за економијата и за заедницата во целина.
Комерцијален текст






