четврток, 21 мај 2026

Глеј станува дел од понудата на MTEЛ

Каталогот на македонската стриминг-платформа Глеј (Gley) отсега станува дел од Mув ТВ (MOVE TV) семејството na MTEЛ.

Објавено на

часот

Сподели

Глеј нуди богата библиотека на содржини, целосно локализирани на македонски и албански јазик. Во рамки на каталогот, корисниците ќе можат да уживаат во најдоброто од домашната продукција – култни македонски серии, филмови и документарни емисии, како и светски хитови од холивудската и европската продукција.

Посебен сегмент е посветен и на најмладите, со богат избор на детска програма и цртани филмови синхронизирани на македонски и албански јазик, достапни во безбедна средина.

„Со интеграцијата на Gley во MOVE TV, на нашите корисници им овозможуваме уште побогато и поедноставно entertainment искуство – сè на едно место, без потреба од дополнителни уреди или комплицирани најавувања. Содржините ќе бидат достапни на сите MOVE екрани – телевизор, телефон и таблет. Gley каталогот е достапен ПО ПРОМО ЦЕНА од 199 денари месечно“, соопштија од МТЕЛ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ