четврток, 21 мај 2026

Вицепремиерот Стоилковиќ во работна посета на Кина

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, од 23 до 29 мај ќе престојува во работна посета на Народна Република Кина, каде ќе учествува на 7. состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како и на Неделата на меѓународната соработка и размена на Шандонг и пријателските градови за 2026 година, што ќе се одржи во Јинан, покраината Шандонг.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Кабинетот на министерот, на настанот, што се одржува под мотото „Заедно ја обликуваме иднината“, предвидено е учество на високи претставници од Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како и повеќе сесии посветени на економската, трговската и регионалната соработка.

За време на посетата, како што додаваат оттаму, вицепремиерот Стоилковиќ ќе оствари повеќе средби и активности насочени кон унапредување на економската и институционалната соработка, продлабочување на партнерските односи и отворање нови можности за инвестиции и поврзување меѓу регионите и градовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ