Билетите за реваншот во „Билјанини извори“ беа распродадени за само неколку минути.
За помалку од 15 минути беа продадени речиси 2.000 билети за двете трибини, па салата ќе биде исполнета до последно место. Возбудата во градот крај Охридското езеро е огромна, бидејќи клубот е на чекор до најголемиот успех во својата историја.
Охрид прво в сабота ќе гостува кај Татабања во првиот финален натпревар, а реваншот пред домашната публика се игра на 31 мај од 20:00 часот.






