„Вакцините на ‘Фајзер-Бионтек’, за кои има голем интерес кај населението, а кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови ширум земјата со цел да се обезбеди непречен процес на вакцинација. Освен на вакциналните пунктови, вакцинацијата во нашата земја се одвива и теренски“, информира Министерството за здравство.
Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат единствен начин да се победи пандемијата, а само со целосна вакцинација се намалува шансата од заболување, се спречува тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход, потсетуваат од министерството.






