среда, 20 мај 2026

Силекс ја победи Шкендија и по четврти пат го освои Купот на Македонија

Силекс со 1-0 ја победи Шкендија во финалето од Купот на Македонија кое вечерва се играше на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, за кратовскиот тим ова е четврти куп-пехар.

Објавено на

часот

Сподели

Пехарот од Купот на Македонија оди во Кратово, фудбалерите на Силекс заслужено ја победија Шкендија со минимални 1-0.

Клучниот момент се случи во 71. минута кога по еден брз контра напад Алиќ ја смести топката во мрежата на Гаје за водство на Силекс од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Што се однесува до играта, немаше премногу шанси. Шкендија ја имаше иницијативата во поголем дел од натпреварот, а тактиката на Силекс беше со контра напади да го загрозува голот на противникот.

Таквата тактика на Александар Васоски на крајот се покажа како вистинска, топку по една контра кратовскиот тим дојде до гол и до победа.

Ова е четврти трофеј за Силекс во Купот на Македонија. Шкендија сезоната ја завршува без освоен трофеј, но со историска сезона во Европа.

Денешното финале го одбележа и скандалозното однесување на навивачите на Шкендија кои ја исвиркаа химната на Македонија, скандираа навредливо кон Вардар и ФФМ, а имаа и транспаренти со спорна содржина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ