среда, 20 мај 2026

Руски научници развиле метод за проценка на анксиозност кај кучињата

Државниот технички универзитет Ростов на Дон (ДСТУ) денес соопшти дека неговите научници развиле метод за проценка на анксиозноста што ќе им овозможи на сопствениците на домашни миленици да ја разликуваат анксиозноста на кучињата од страв или агресија.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Резултатите од студијата можат да се користат за идентификување знаци на анксиозност кај домашните миленици, како и кај кучињата водичи, пренесува РИА Новости.

Според резултатите од истражувањата, куче кое не доживува позитивни емоции од надворешниот свет додека расте, прераснува во вознемирено куче, кое е патолошки врзано за својот сопственик и познатата околина, а сите нови настани или луѓе предизвикуваат вознемиреност кај животното, што може да се развие во страв или да предизвика несоодветна реакција.

Ако кучето има слаб нервен систем, вознемиреноста како карактерна особина може да се манифестира дури и кај куче со „среќно детство“, на пример, поради непријатен или застрашувачки настан – експлозија на огномет во близина или напад од друго животно.

Универзитетските научници, заедно со колегите од Институтот за етнологија и антропологија на Руската академија на науките, предложија нов метод за проценка на анксиозноста кај кучињата, кој се базира на мерење на растојанието помеѓу животното и стапалата на неговиот сопственик, како и на идентификување на прецизно опишани надворешни манифестации на анксиозност.

„Растојанието помеѓу личноста и кучето се покажа како многу влијателно врз нивото на анксиозност и агресија кај кучето. Малите, анксиозни кучиња беа најблиску до своите сопственици, додека големите анксиозни кучиња беа најдалеку. Мирните кучиња од која било раса повеќе сакаа да седат на 50 до 60 сантиметри од своите сопственици“, изјави раководителот на проектот и вонреден професор на Катедрата за биологија и општа патологија на ДСТУ Ана Фомина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ