Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 19 до 28 степени. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 км/ч). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 л/м²), грмежи и силен ветер (над 60 км/ч).






