четврток, 21 мај 2026

Царовска: Продолжуваме со наставниот модел, нема пренос на вирусот во училиштата

Објавено на

часот

Сподели

Како што се вели во соопштението од Министерството за образование испратено по состанокот, директорите информирале за текот на наставата со физичко присуство, како и за текот на имплементацијата на реформските процеси во прво и четврто одделение „и посочиле дека сите предизвици се надминуваат тековно и дека за сега сѐ се реализира според предвидениот план и динамика“.

Во соопштението се нагласува дека било констатирано дека образовниот систем е подготвен и за останатите резервни сценарија, доколку се појави потреба од нивна примена.

„Директорите на основните и на средните училиштата потврдија дека ги имаат сите потребни ресурси за брзо преминување кон онлајн учење, ако има некаква одлука за истото“, пишува во соопштението.

„Наш заеднички врвен приоритет е и треба да биде превенцијата на училиштата од ширење на ковид-19, бидејќи најдобро е учениците наставата што подолго да ја следат со физичко присуство во училниците. Затоа повикувам на доследно почитување на протоколите за заштита од раководствата, наставниците, учениците и родителите, бидејќи само така можеме да ги сочуваме училиштата безбедни и што подолго отворени за учениците. Протоколите се едноставни: задолжително носење на заштитни маски на затворено, честа дезинфекција на рацете, мерење на телесна температура при влез во училиштата и често проветрување и одржување на хигиена во училишните простории”, кажала меѓу другото министерката Царовска на овој состанок.

„Бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 % од вкупно 240 илјади ученици, што е исклучително низок процент. Исто така, над 72% од наставниот кадар е вакциниран, што е речиси двојно повеќе од националниот просек“, се вели на крајот од соопштението при што се нагласува дека станува збор за податоци кои Министерството за образование ги има добиено од училиштата на дневна основа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ