Комодита хоум со оваа хуманитарна донација на Црвен Крст на Град Скопје, успешно ја завршува својата мисија под мотото „Секој сон е важен”.
„Годинава како општествено одговорна компанија, помогнавме со донации на повеќе здравствени установи во земјава, клиники, здравствени домови а 2021 година ја завршуваме токму со денешнава донација на социјално загрозените граѓани и лица во ризик, приматели на помош од Црвен Крст на Град Скопје. На средбата, пред присутните новинари се обрати Харитон Гаџоски, претставник од Комодита хоум , кој потенцираше дека компанијата донациите ги направила со големо чувство на општествена одговорност и посочи со која динамика се одвивале сите хуманитарни настани, предвидени и остварени за 2021 година“, велат од компанијата.
„Со донациите почнавме на Детска Клиника Козле, а потоа дониравме во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември” – Скопје, Градската Општа Болница-Хирургија Св.Наум Охридски а минатиот месец направивме донација и на ЈЗУ Универзитетска Клиника за државна кардиохирургија. Притоа, помагавме преку соработка со Општините и на социјално загрозени граѓани, во детски домови, ковид центри, болници и секаде каде оценивме дека компанијата треба хумано да делува. Вкупната донација на Comodita Home на сите овие установи е над 1500 душеци, во вредност од над 100 000 евра”“, додаваат од таму.
Комодита хоум најавува и во Новата 2022 година многу нови успешни хумани проекти, како и дека ќе продолжи со своите општествено одговорни постапки и ќе биде и понатаму пример за сите останати компании со своето хумано дејствување.






