Бројот на планирани станбени единици во Ист гејт ливинг во првата фаза на изградба е 672, а тоа е повеќе од 50 % од вкупниот број веќе завршени станови во 2020 година. Токму оваа градежна динамика е во тесна поврзаност со трендот на побарувачка на станови, која од година во година се зголемува. Овие станбени единици се поставени на вкупна површина од 13 хектари и зелена површина од 2,5 хектари.
818 паркинг места се лоцирани под зградите, а на располагање е и сервисен паркинг со вкупно 152 места.

Овој проект е дизајниран од светски познатито и наградувано Јазган студио (Yazgan Studio) од Анкара, предводени од двоецот Керем Јазган и Бегим Јазган. Проектите на ова студио се познати по својот отворен дизајн на ентериери чиј приоритет е светлина, просторност и премиум материјали.
Изборот на станови од 42 м2, па сè до дуплекс станови до 210 м2 ветува разноликост и динамика каква што досега оваа метропола, па и овој регион немаат засведочено, вели Игор Давков, извршен директор на Скопје ист гејт.

„Ние не градиме обична градба, празен простор за станување – со Ист гејт ливинг ние оформуваме нов начин на живеење, нова перспектива за секого. Секој метар од овој простор е совршено проектиран според сите светски стандарди. Знаеме дека просторот помеѓу зградите е неопходен: нашите блокови се на растојание од 50 метри. Знаеме дека градското зеленило е неопходно: зеленило проектиравме насекаде, а до нас е прекрасната парк-шума Гази Баба“, вели Давков и додава дека тука е и врвното шопинг-искуство на ултрапопуларни светски брендови во Ист гејт мол. Живејте во срцето на Скопје, во срцето на урбаната иднина, рече тој.

Изградбата на Ист гејт ливинг, комплексот станбени згради стратешки позиционирани во новото урбано срце на градот, е во тек. Продажбата на станбен простор е веќе почната.
Ист гејт ливинг е заедничка капитална инвестиција на неколку компании – Financial Union Skopje – Unionnet – агент на Western Union во нашата држава, East Gate – дел од групацијата БАЛФИН, АК ИНвест и SMS Construction.

Групацијата БАЛФИН (Балканска финансиска инвестициска групација) е една од најзначајните и најуспешните инвестициски групи во регионот на Западен Балкан. Географски, групацијата БАЛФИН е присутна во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Холандија, вработувајќи приближно 6.000 луѓе. Активностите на групацијата БАЛФИН вклучуваат развој и управување со недвижнини, малопродажба, рударска индустрија, банкарство, туризам, енергија, логистика итн.






