понеделник, 27 јули 2026

Поскапуваат бензините и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20 јули.

Објавено на

часот

Сподели

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај дизелот за 7,442%, кај екстра лесното масло за 8,051%  и кај мазутот зголемувањето е за 8,159%.

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: еуросупер БС  95 – 93 (денари/литар), еуросупер БС 98 – 95  (денари/литар), еуродизел (Д-Е V) – 98,50  (денари/литар), масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1), 98  (денари/литар), мазут М-1 НС – 48,099 (денари/килограм).

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 3 ден/лит, а малопродажната цена на еуродизелот се зголемува за 4,50 ден/лит.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ