Како што соопштуваа од Управата, првопријавениот Т.Д., во својство на управител на второпријавеното правно лице, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правното лице, во периодот 2024–2025 година, постапувајќи спротивно на членовите 23 и 54 од Законот за управување со дополнителни текови на отпад, за увезениот текстил од страна на второпријавеното правно лице не пријавил и не платил надоместок за отпад кон Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија, во вкупен износ од 3.852.067 денари.
Со цел да го прикрие непријавувањето и неплаќањето на законскиот надоместок, првопријавениот на 17 април покренал постапка за ликвидација на второпријавеното правно лице пред Централниот регистар на Македонија, велат од Управата.
Оттаму дополнуваат дека со наведените дејствија, пријавените го оштетиле Буџетот на Македонија за вкупен износ од 3.852.067 денари.





