понеделник, 27 јули 2026

Средношколци од Битола и Прилеп во мисија за зачувување на шумите на Пелистер

Средношколци од Битола и Прилеп со поддршка на вработените во ЈУ Национален парк „Пелистер“ и Здружението „Граѓански Патеки“-Битола како дел од иницијативата „Заштитници на шумите“, учат за заштита на шумите на Пелистер.

Објавено на

часот

Сподели

За учесниците подготвени се предавања и детална презентација на шумското богатство и богатата разновидност на диви животни што живеат во паркот, информира Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“

„Пелистер не е само туристичка атракција, туку клучен извор на свеж воздух и еден од најзначајните еколошки ресурси во регионот и пошироко. Оваа посета уште еднаш потврди дека Пелистер е одлично место за т.н. искуствено учење. Наместо само низ теорија во училишните клупи, младите тука можат практично да го видат, почувствуваат и искусат она што го учат. Природата се претвори во нивна училница, каде секој чекор нуди жива лекција по екологија и ботаника, но и лекции како секој може да придонесе за заштита на животната средина“, посочи Тошевски.

Главната цел на иницијативата „Заштитници на шумите“ е да се поттикне јавната свест кај младата популација за заштита на шумите, но и да ја зајакнат граѓанската свест дека шумите се нашиот најголем штит од ерозија и незаменлив извор на кислород, информираа од ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ