За крајот на оваа година во која покажа апсолутна емпатија и поддршка за целата заедница, Халкбанк во неверојатно емотивна акција преку своите социјални медиуми јавно ги повикува сите оние чии најдраги слетуваат на Меѓународниот аеродром Скопје до 9 јануари 2022 да ги пишат деталите од летот и пораката со која ќе сакаат да ги пречекаат ([email protected]), најдоцна до 5 јануари 2022 а другото да го остават на добрите луѓе од тимот на Банката, кои ќе се погрижат вашите сакани да бидат пречекани со широко отворени прегратки, насмевки и срца.
Погледнете го емотивното видео подолу, кое може да ви послужи како инспирација за тоа како може и вие да ја искористите можноста за изненадување и обезбедување тројно повеќе прегратки при првата средба со вашите сакани.
Со оваа кампања преполна емоции, Халкбанк, во својот препознатлив стил, ја одбележува завршницата за 2021 година, каде што централната емоција е изградена врз моментот на првата средба, на враќањето дома каде што е најсреќно, најтопло.
Првата средба по слетувањето назад е моментот за кој, колку и да се подготвуваме, секогаш нè начекува неспремни: секогаш е поемотивен од замисленото, се памeти подолго од очекуваното. Заедно со Халкбанк, да ги направиме последните моменти од оваа година вредни за паметење!
Комерцијален текст






