среда, 15 април 2026

Бислимовски: Ќе објавиме „црна листа“ на снабдувачи со струја, цената за домаќинствата е гарантирана

Објавено на

часот

Сподели

“Изминативе месеци цената на електричната енергија на светските берзи е зголемена и дел од снабдувачите поради тоа ги раскинуваат договорите со некои од компаниите пред време и има обиди да фактурираат по нови цени, а тоа не е дозволиво. Ги предупредивме, ќе почнеме и постапки за одземање на лиценци, а и ги разгледуваме можностите за да се објави црна листа за да можат да знаат потрошувачите кои снабдувачи имаат лошо поведение и не ги почитуваат договорите. Снабдувачот е обврзан да му даде услуга на потрошувачот по иста цена по договорот додека трае периодот на префрлување, односно свичинг кај нов снабдувач. Дотогаш не смее да му ја промени цената од договорот” изјави Бислимоски во разговор за Утрински брифинг.

Бислимоски уверува дека цената на домаќинствата е стабилна и е гарантирана од страна на Комисијата

Во земјава во моментов има 13 активни снабдувачи, што според претседателот на Регулаторната комисија, Македонија е земја со најмногу активни снабдувач во овој дел од Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ