среда, 15 април 2026

Агенцијата за вработување со субвенции за плати во текстилниот сектор

Објавено на

часот

Сподели

Мерката е наменета за невработени лица кои ги изгубиле работните места во текстилниот сектор заради последици од пандемијата предизвикана од ковид-19 и невработени млади лица до 29 години евидентирани во АВРСМ.

Со оваа мерка, како што соопштија од Агенцијата, се обезбедува финансиска поддршка за работодавачот со субвенција на плата во времетраење од 12 месеци.  Висината на финансиската поддршка е во зависност од бројот на лицата кои ќе ги вработи и тоа за вработување од 5  до 20 лица, 15.400 денари по лице месечно (за секое младо лице до 29 години 18.500 денари месечно), за вработување над 20 лица по 21.600 денари месечно (за секое младо лице до 29 години 24.600 денари месечно), за вработување над 50 лица по 24.700 денари месечно (за секое младо лице до 29 години 27.700 денари месечно).

Рокот за аплицирање е до 29 декември, а детални информации заинтересираните може да добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ и на веб страната на АВРСМ.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ