петок, 17 април 2026

АД ЕСМ ќе праќа работници на принуден одмор

Објавено на

часот

Сподели

Од тие причини, во тек е постапка за утврдување на работни места кои не се неопходни за производството на електрична енергија во одреден временски период. Извршителите на утврдените работни места ќе бидат упатени на принуден одмор не подолг од три месеци, согласно Законот за работни односи, со исплата на 70 отсто од платата, информираат од АД ЕСМ.

Како што посочуваат, намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно стопирани се спонзорствата, репрезентациите и службените патувања, кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија.

„Сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови, додека законската дневница за патување се исплаќа во половина износ. Запрена е набавката на возила, освен возила потребни за производниот процес, додека употребата на патнички возила е целосно и строго рационализирана“, потенцираат од АД ЕСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ