среда, 15 април 2026

20 милиони денари ќе се обезбедат следната година за повластени производители на електрична енергија

Објавено на

часот

Сподели

Програмата, информираат од владината прес-служба, ја уредува вкупната инсталирана моќност на електроцентралите по вид на технологии за кои ќе се доделува премија по спроведена тендерска постапка и склучени договори за користење на премија во 2021 година и износот на средствата потребни за исплата на премиите за произведената и продадена електрична енергија во 2022 година.

Корисници на средства од оваа програма се производителите на електрична енергија коишто во согласност со Законот за енергетика се стекнале со право на користење на премија.

„За реализација на оваа програма се обезбедуваат 20.000.000 денари кои се утврдени во Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. Средствата на оваа програма се доделуваат врз основа на договори за користење на премија склучени помеѓу Министерството за економија и корисникот на средствата, коешто е одговорно и за начинот и динамиката за реализирањето на оваа програма“, прецизираат од Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ