петок, 7 ноември 2025

Истражување: Плагин хибридите загадуваат пет пати повеќе од официјалните податоци

Зелениот имиџ на плагин хибридните возила е сериозно нарушен од најновото истражување на Транспорт & енвајронмент (Т&Е), кое фрла нова светлина врз нивните вистински еколошки перформанси. Она што до неодамна се сметаше за идеален премин од моторот со внатрешно согорување кон целосната електрификација, сега под лупата на вистинската употреба, се покажува како значително помалку „зелено“ решение.

Објавено на

часот

Сподели

Реалноста на патот

Со години плагин хибридите (ПХЕВ) се промовираа како совршен компромис – тие овозможуваат возење на електрична енергија на кратки растојанија со полнење дома, додека за подолги патувања користат бензински мотор. Поновите модели можат да патуваат до 113 километри исклучиво на електрична енергија и веројатно ќе останат во продажба дури и по европската забрана за мотори со внатрешно согорување во 2035 година.

Меѓутоа, истражувањето покажува дека многу сопственици ретко или никогаш не ги полнат своите возила, потпирајќи се исклучиво на бензин. Дури и кога се полнат, хибридите брзо се префрлаат на бензинскиот мотор при умерено забрзување, на угорници или во постудено време, што значи дека електричниот систем врши значително помалку работа отколку што претпоставуваа регулаторите.

Броеви што не се совпаѓаат

Според тестирањето на Т&Е на 800.000 автомобили, плагин хибридите во секојдневното возење во Европа испуштаат речиси пет пати повеќе јаглерод диоксид отколку што сугерираат официјалните бројки. Јазот помеѓу декларираните и реалните емисии се зголемува. Додека Т&Е во 2021 година регистрирале реални емисии од 134 г/км во споредба со официјалните 38 г/км, најновата студија покажува дека производителите сега тврдат дека во просек се само 28 г/км, додека тестирањето во реалниот свет покажува дури 139 г/км.

За потрошувачите, ова значи повисоки сметки за гориво и поголем јаглероден отпечаток. Т&Е проценува дека семејствата би можеле да плаќаат до 500 евра повеќе годишно за гориво отколку што очекувале. Во исто време, производителите, потпирајќи се на оптимистички податоци, веројатно избегнале плаќање милијарди евра потенцијални казни.

Постепено заострување на правилата

Регулаторите се свесни за проблемот и постепено воведуваат построги правила кои го намалуваат таканаречениот „фактор на корисност“ – времето за кое се претпоставува дека ПХЕВ вози во електричен режим. Според сегашните правила, се очекува ПХЕВ со домет од 60 км да работи на електрична енергија повеќе од 80 отсто од времето.

Тој процент ќе се намали на 54 отсто за 2025 и 2026 година, и на 34 отсто за 2027 и 2028 година. И покрај ова, Т&Е предупредува дека дури и по спроведувањето на новите правила, сè уште ќе има разлика од 18 отсто помеѓу декларираните и реалните емисии на јаглерод диоксид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ