среда, 3 јуни 2026

Нови протести во Албанија против хотелот што ќе го гради зетот на Трамп (ВИДЕО)

Илјадници Албанци се собраа во Тирана во вторник вечерта, продолжувајќи ги протестите против изградбата на луксузен туристички комплекс вреден 1,4 милијарди евра, кој го развива компанија поврзана со инвестициската фирма на зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, на дел од јадранскиот брег на Албанија.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Еколошките групи предупредија дека развојот на одморалиштето може да загрози стотици хектари недопрен брег и чувствителни екосистеми. Инвеститорите, сепак, тврдат дека проектот ќе се спроведе со одговорно управување и заштита на животната средина.

Проектот е планиран на островот Сазан и во крајбрежна област во близина на заштитениот пејзаж Вјоса-Нарта, познат по своите мочуришни живеалишта на фламинга, фоки и морски желки, објави Ројтерс.

Демонстрантите се собраа пред седиштето на владата во Тирана, носејќи транспаренти со пораки против проектот и предупредувања за можни еколошки последици.

Еколошките организации велат дека планираниот комплекс би можел да прерасне во голем туристички комплекс со околу 10.000 сместувачки единици, што значително би го променило карактерот на областа.

Албанскиот премиер Еди Рама ја бранеше инвестицијата, нагласувајќи дека Албанија треба да остане отворена за странски инвеститори и рече дека нема намера да го запре проектот.

Протестите се интензивираа откако инвеститорите поставија заштитни огради на локацијата планирана за изградба во местото Звернец во близина на Валона.

За време на протестите во последните денови, дојде и до судири меѓу демонстрантите и приватното обезбедување, но немаше пријавени повредени.

Кушнер презентираше планови за развој на одморалишта во Албанија во 2024 година како дел од поширока инвестициска програма на Балканот. Проектот треба да биде финансиран и од инвеститор од ОАЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ