Тој рече дека упадите на руските авиони, во поголем број од вообичаеното, претставуваат провокација, објави Ројтерс.
Верне рече дека невообичаено високиот број на пресретнувања може да сигнализира дека Москва се обидува да ја покаже својата сила во истата недела кога беше домаќин на својот годишен Меѓународен економски форум во Санкт Петербург.
„Француски одред распореден во мисијата на Балтичката воздушна полиција изврши неколку пресретнувања на руски воени авиони кои летаа без планови за лет или радио контакт“, рече Верне, додавајќи дека пресретнатите авиони вклучувале вооружени борбени авиони, извидувачки авиони и транспортни авиони.
Авионите на Алијансата се испратени да пресретнат неидентификувани авиони или оние што не ги почитуваат прописите, потсетува Ројтерс, додавајќи дека мисијата на НАТО го штити воздушниот простор на Естонија, Латвија и Литванија преку ротирачко распоредување на борбени авиони, пополнувајќи ги празнините во сопствените капацитети.






