петок, 22 мај 2026

Во Израел најдени остатоци од претходно непознат вид луѓе (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Антрополози од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим и Универзитетот Тел Авив со години ги анализирале фрагментите од череп, коска од долната вилица и заб откриени во 2010 година во Нешер Рамла, југоисточно од Тел Авив.

Ги споредувале со стотици фосили низ светот кои потекнуваат од слични периоди и утврдиле дека фрагментите припаѓаат на досега непозната група хоминини која е тесно поврзана со неандерталците и со нив дели многу сличности, како обликот на долната вилица. Овој нов подвид научниците го нарекоа Нешер Рамла.

Нешр Рамла можеби живеел со хомо сапиенс повеќе од 100.000 години и веројатно се вкрстувал со нашиот вид, сметаат научниците. Овие рани луѓе, кои имале многу големи заби и немале брада (во анатомска смисла), може и да биде предци на неандерталците, пишува Тајмс оф Израел.

Експертите сметаат и дека постојат доволно сличности оваа група да се поврзе со другите популации стари и до 400.000 години кои се најдени во претходните ископувања на пештери во Израел.

[video:https://youtu.be/B_ZmqDS3wII autoplay:0]

„Морфологијата на луѓето Нешер Рамла има сличности и со неандерталците (особено забите и вилиците) и со архаичниот Хомоом (черепот). Истовремено, овој вид хомо е многу различен од современите луѓе – има целосно поинаква структура на черепот, многу големи заби и нема брада“, велат научниците.

Израелските археолози веруваат дека видот Нешер Рамла бил изворната „популација од која се развиле повеќето луѓе од средниот плеистоцен“ и дека се парела со хомо сапиенс кој во таа област стигнал пред околу 200.000 години.

Таа група веројатно го населувала регионот од пред некои 400.000 до 100.000 години, кажа антропологот Израел Хершковиц од Универзитетот Тел Авив.

Ова ново истражување ги поткрепува претходните студии кои покажуваат дека хомо сапиенс и групите слични на неандерталците се преклопувале на Блискиот Исток во текот на значителен временски период, веројатно неколку десетици илјади години.

Истражувањето е објавено во магазинот Сајенс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ