Објавена е и снимка од слетувањето на роверот, кое се случи во мај годинава. На неа се гледа моментот кога се активира падобранскиот систем со кој роверот се спушти на Марс.
Роверот или возилото Џуронг има шест тркала и се користи за истражување на областа на Марс позната како Утопија планитија. ЦНСА соопшти дека роверот се движел 236 пати во 41 сол на Марс. Сол е ден на Марс кој трае нешто подолго од денот на Земјата – 24 часа и 39 минути.
Снимките се испратени на Земјата преку сателитот Тијанвен-1. Научниците се надеваат дека овој ровер ќе врши истражувања најмалку 90 сола на Марс. Сличен е на роверите на НАСА Спирит и Опортјунити, направени на почетокот на овој век, а тежи 240 килограми.
Снимките се објавени по повод 100-годишнината на Комунистичката партија на Кина.
[video:https://youtu.be/lUf310zY3VU autoplay:0]





