Поради висината од околу 120 метри, сите претходни ракетни системи во однос на овој изгледаат џуџесто.
Кога конечно ќе полета, ќе произведе двојно поголем потисок од ракетата која ги однесе луѓето на Месечината.
За спојување на двата сегменти беше потребен огромен кран. Беа задржани во таа позиција еден час, а потоа беа раздвоени.
Starship Fully Stacked pic.twitter.com/Fs88RNsmfH
— Elon Musk (@elonmusk) August 6, 2021
Спејсекс има уште неколку недели, односно месеци за тестирање пред првиот лет, можно и до крајот на 2021. Извршниот директор на компанијата Илон Маск спојувањето на ракетата го нарече „сон кој стана јаве“.
Кажа дека Старшип, кога ќе се доврши, ќе биде способен да ги однесе луѓето и на Месечината и на Марс. Би можел и брзо да ги превезува луѓето околу светот, а уште една очигледна намена му е поставување сателити во орбитата.
Во моментов најсилната ракета во употреба е Фалкон хеви, исто така на Спејсекс. Фалкон хеви при лансирањето произведува потисок од 23 мегањутни, а новата ракета Супер хеви би требало да достигне околу 70 мегањутни.
[video:https://youtu.be/m-uqwCTvGgA autoplay:0]





