Ова за агенцијата Спутник го кажа генералниот директор на Рособороноекспорт Александар Михеев по завршувањето на саемот Дубаи ершоу 2021.
Како пто истакна, планирано е до крајот на годината да ѝ се испорачаат првите системи С-500 на руската војска.
„Излегувањето на противвоздушниот ракетен систем С-500 Прометеј на надворешниот пазар се очекува во следните неколку години. Во овој момент не се издадени дозволи за него“, кажа Михеев.
Додаде дека денес Рособороноекспорт на надворешниот пазар пласира поприличен број современи високотехнолошки системи ПВО со среден и долг дострел.
„Тука спаѓаат најпродаваните С-400 Триумф, како и новите производи на концернот Алмаз Антеј – противавионските системи антеј 4000 и С-350 Витез“, додаде Михеев.
Рособороноекспорт, според него, во текот на цела 2021 година водел преговори со партнерите од Блискиот Исток за продажба на руски оклопни возила, вклучувајќи ги современите тенкови Т-90С.
Т-90С денес претставува најсовремен руски главен борбен тенк во сериско производство.
[video:https://youtu.be/C_M6JF13RXw autoplay:0]





