петок, 24 април 2026

Персевиренс на НАСА ќе собере примерок од карпа од Марс

Објавено на

часот

Сподели

Собирањето примероци, што НАСА го обележа како пресвртница, ќе започне во следните две недели.

„На прагот сме на нова ера на планетологијата и откривањето“, рече научникот од НАСА, Томас Зурбухен.

Процесот ќе трае околу 11 дена и вклучува употреба на разни научни инструменти на роверот Персевиренс.

Кога и како точно сондата ќе биде вратена на Земјата сè уште не е испланирано.

Последователните мисии на НАСА, кои во моментов се развиваат со Европската вселенска агенција, ќе испратат вселенски летала на Марс за да соберат запечатени примероци и да ги вратат на Земјата.

Персевиренс ризично слета на Марс кон крајот на февруари. Развојот и конструкцијата на роверот чини околу 2,5 милијарди долари, а траеле осум години.

Роверот бара траги од претходен живот на микроби на Црвената планета и ги истражува нејзината геологија и клима.

Со Роверот на Марс бил донесен и мини хеликоптер. Во средината на април полета на Марс, што е прв лет на друга планета.

Оттогаш, хеликоптерот Инџенуити изврши девет летови и неговата оригинална мисија од 30 дена е продолжена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ