Ако сѐ оди според планот, инструментот тежок 6.350 килограми по 26 минути возење ќе биде пуштен од ракетата во вселената.
//
$bp(“Brid_40434998”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”930359″,”autoplay”:0,”shared”:true});
//
Потоа на телескопот ќе му треба еден месец за да стигне до својата дестинација во сончевата орбита на околу 1,6 милион километри од Земјата, што е околу четири пати подалеку од Месечината.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=7nT7JGZMbtM autoplay:0]Овој телескоп, именуван по човекот што ја надгледуваше НАСА во текот на 1960-тите, е околу сто пати почувствителен од Хабл и се очекува од корен да го промени разбирањето на универзумот и местото на човекот во него.
Веб главно ќе го набљудува универзумот во инфрацрвен спектар, што ќе му овозможи да навлезе во облаците од гас и прашина каде што се раѓаат ѕвездите, додека Хабл дејствуваше првенствено на оптички и ултравиолетови бранови должини.
Џејмс Веб има огледало со дијаметар од шест метри, а во споредба со огледалото на Хабл од два метри, нуди поголема резолуција и може да ги „заобиколи“ пречките на нашата атмосфера и да го набљудува универзумот низ поширок спектар бранови должини. Ќе ни помогне да ги набљудуваме далечните и блиските галаксии, гасните и правливите дискови во кои се раѓаат млади ѕвезди, како и планетите што се формираат околу нив.






