четврток, 23 април 2026

Друг милијардер ќе стигне во вселената 9 дена пред Безос

Објавено на

часот

Сподели

Џеф Безос на 20 јули оди на, како што ја нарекува, својата „најголема авантура“ – но основачот на Амазон нема да може да ја добие титулата „прв милијардер што отишол во вселената со свое вселенско летало“.

Основачот на Вирџин галактик, Ричард Бренсон, во четвртокот објави дека ќе биде на пробниот лет на 11 јули со ракетниот авион ВСС Јунити, што значи дека ќе стигне до подорбиталниот простор девет дена пред Безос, пренесува Гардијан. Вирџин галактик и компанијата Блу ориџин на Безос ќе се натпреваруваат за клиенти на пазарот на вселенскиот туризам, а леталата ќе ги носат клиентите на неколкуминутен престој на работ на вселената.

Вирџин галактик вели дека целта на летот на 11 јули е да ги процени бестежинската состојба, удобноста на седиштата и глетките кон Земјата од кабината. Брансон рече дека му е „чест“ да помогне неговиот бизнис да им нуди „уникатно искуство на клиентите“. Објавата на Бренсон дојде неколку часа откако Безос откри дека 82-годишната Воли Фанк, жената што пред 60 години „растурила“ на тестовите за астронаут, но била одбиена од НАСА, ќе биде на летот на 20 јули, заедно со неговиот брат и со победникот на 28-милионската добротворна аукција.

Њујорк тајмс објави дека кога Брансон го прашале во средата дали се обидува да го претрка Џеф Безос до вселената, тој се насмеал и рекол: „Кој е тој Џеф?“

Форбс објави дека титулата прв милијардер во вселената ја има софтверскиот архитект со унгарско потекло Карол Симони во 2007 година, кој е единствениот што отишол двапати.

„На секои 90 минути гледате пролет, гледате есен, го гледате Арктикот, ги гледате тропските предели, гледате ноќ, гледате ден“, рече Симони во 2015.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ