Авионот „Скајдвелер“ би бил користен како платформа за комуникација или за набљудување бродови.
Прототипот на леталото „Скајдвелер“ е софтверски унапредена верзија на соларниот авион „Солар импулс 2“, кој успеа да ја обиколи Земјата во 2015 и 2016, но со човечки екипаж.
Новиот авион го произведува американско-шпанската воздухопловна компанија Скајдвелер авио, која со американската влада склучи договор вреден пет милиони долари, пишува Њу сајентист.
За да остане во воздух 90 дена, на крилата на леталото чиј распон е 71 метар се вградени соларни панели кои произведуваат до два киловати енергија.
Компанијата планира да вгради и водородни ќелии кои би биле резерва за напојување во случај авионот да остане без сончева светлина поради подолги периоди лоши временски услови.
Основачите на оваа американско-шпанска компанија, Џон Паркес и Роберт Милер ги купиле интелектуалната сопственост и патентот од проектот Свис солар импулс пред да се одлучат да почнат развој на ново летало.
Проектантите најпрво „Скајдвелер“ го претвориле во беспилотно летало и така овозможиле да постигне поголем дострел и поголема носивост. Новиот авион ќе може да носи околу 360 килограми радарска и опрема за снимање.
Компанијата планира во следните месеци да ги изврши тестните летови, вклучувајќи автономно полетување и слетување. Кога ќе завршат тие тестови, ќе почне тестирањето на издржливоста, со цел леталото да мине во воздух 90 дена или повеќе без слетување.
Се очекува, како што е често случајот со воената и вселенската технологија, овој патент, кој претставува голем чекор кон летовите на обновливи извори на енергија, веројатно на крајот во некоја форма ќе се најдат и во цивилното воздухопловство.
[video:https://youtu.be/gAj_wCEHHzA autoplay:0]





