четврток, 23 април 2026

Учеството на Вардар во ЛШ станува неизвесно, ЕХФ му бара депозит од милион евра!

Објавено на

часот

Сподели

Европската куќа на ракометот го информираше Вардар дека во минатата сезона не ги исполнил потребните услови па затоа сега на две рати ќе треба да плати депозит од милион евра.
 
Депозитот ќе се искористи за покривање на долговите кои Вардар ги има кон поранешни играчи уште од времето на Сергеј Самсоненко.
 
Првата рата од половина милион евра Вардар треба да ја плати до 13 јули, а втората до 27 јули.
 
Ако раководството на Вардар не го стори тоа, на местото на нашиот шампион во ЛШ ќе игра екипата на Горење од Словенија.
 
Поради долговите на Сергеј Самсоненко фудбалскиот клуб на Вардар следната сезона ќе игра во втората лига, а сега од исти причини се отвора можноста и за пропаѓање на ракометниот клуб.
 
Ако не го плати депозитот, Вардар не само што нема да игра во ЛШ, туку нема воопшто да игра во Европа, во било какво натпреварување што го организира ЕХФ.
 
Рускиот газда на Вардар му ги донесе најголемите успеси и во фудбалот и во ракометот, но сега е на добар пат да ги „погребе“ и двата клуба.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ