И покрај тоа што поради барањето на депозит од милион евра од страна на ЕХФ, е неизвесно играњето на Вардар во Европа, македонскиот шампион се засилува за следната сезона.
Ангажирани се Даило Бакари и Јоел Куни Моралес.
27-годишниот Бакари Диало доаѓа од тимот на Трембле. Тој во кариерата има настапувано во Франција. Од 2013 до 2019 година го носеше дресот на екипата на Понто Комбо. Потоа шест сезони во овој тим направи трансфер во Трембле каде што настапуваше во последните две години.
Овој лев бек сезонава одигра 24 средби за Трембле, а постигна 35 гола. Има процент на реализација од 61,4 проценти, а игра во двата правци. Претходно во сезоната 2019/20 на 18 натпревари имаше 38 гола и процент на успешност при шутот кон противничкиот гол од 62,3 проценти. Ракометарот располага со добар удар од далечина, но и со добра финта и лесен и брз пробив до линијата од шест метри.
Јоел Куни Моралес е 34 годишен десен бек кој доаѓа од Данкерк. Тој е кубански интернационалец. Како дел на Данкерк последната сезона играше на 28 меча даде 29 гола. Претходно две години беше член на Иври. Во сезоната 2018/19 на 13 меча даде 60 гола, додека во сезоната 2019/20 на 17 натпревари постигна 59 погодоци.
Моралес по заминувањето од Куба беше долги години во Португалија.Започна во Порто, настапуваше за Аванка во сезоната, 2012/13, потоа го носеше две сезони дресот на Мадеира, пред повторно да се пресели во Порто, каде остана вкупно девет години. Од Порто замина во Франција.
Вардар информираше и за подготовките, тие стартуваат на 15 јули во Скопје. По четири дена во главниот град во кои ќе бидат извршени и потребните медицински прегледи, тимот ќе замине за Златибор каде ќе остане до 29 јули. Потоа се враќа во Скопје и планирано е настап на турнирот во Струга и на Хумел купот во Германија.






