понеделник, 27 април 2026

Ибрахимовиќ во свој стил: Дали жалам што не освоив „Златна топка“? Не, таа жали за мене!

Објавено на

часот

Сподели

Магазинот Франс Фудбал кој ја доделува „Златната топка“, седна на интервју со Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот важи за еден од најдобрите фудбалери во својата генерација, но никогаш не ја добил оваа престижна индивидуална награда.

Една од причините е тоа што игра во време кога Лео Меси и Кристијано Роналдо доминираат на терените и се главни во фокусот.

„Ако зборуваме за природен талент и квалитет, не се ништо подобри од мене“ – вели Златан Ибрахимовиќ на прашањето за Роналдо и Меси. „Ако зборуваме за трофеи, тогаш да, јас немам триумфирано во Лигата на шампиони“.

„Но не знам како правите пресметки за тоа кој треба да ја добие наградата. Бидејќи кога колективот игра добро и освојува трофеи, сосема нормално е индивидуалецот да го прави истото. Индивидуалецот не може да биде добар доколку и колективот не е добар“.

„Дали жалам што не освоив „Златна топка“? Не, „Златната топка“ жали за мене!“

„Длабоко во себе, мислам дека сум најдобар во светот“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ