понеделник, 27 април 2026

РКЕ: Дизелот поевтинува за 2,5 денари, бензините поскапуваат за 2 денари

Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,5 денари за литар, а на бензините евросупер БС-95 и евросупер БС-98 се зголемуваат за 2 денари за литар. Малопродажната цена на екстралесното масло за домаќинство се намалува за 1денар за литар, соопшти РКЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,368 ден./кг и сега ќе изнесува 46,656 денари за килограм.

„Од 28 април од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат за моторен бензин евросупер БС-95 – 82,5 денари за литар; моторен бензин евросупер БС-98 – 84,5 денари за литар; дизелот ќе се продава за 91,50 денар за литар, а екстралесното масло за горење за 96 денари за литар“, велат од РКЕ.

Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ, а оти трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ