„Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.020 верници од земјава, кои ќе патуваат кон светите места, иако беа пријавени повеќе. Бројката е идентична како и минатата година. Верниците ќе патуваат од 14 до 21 мај, со авионски чартер-летови“, додаде Јакупи.
Во однос на возраста, според него, годинава оние кои патуваат на хаџ припаѓаат на помладата генерација, а највозрасниот е 75-годишник. Цената за аранжман за хаџ е 6.700 евра, што е повисока за 250 евра споредено со минатата година.
Големиот празник Курбан Бајрам, годинава се паѓа на 6 јуни и секогаш се слави четири дена.
Аџилакот служи за да ги потсети муслиманите дека сите се еднакви во очите на Бог – Алах. Ова е петтиот столб на Исламот и го рекреира патувањето на пророкот Мухамед во 632 година. Има за цел да ги зближи муслиманите од сите националности, чистејќи ги од гревовите и приближувајќи ги до Бог.






