петок, 24 април 2026

Научници реконструираа изглед на џиновски октоподи од праисторијата: Изгледаат како „митски“ чудовишта (ФОТО)

Научниците го реконструираа изгледот на џиновските октоподи кои живееле во светските океани пред десетици милиони години, а кои по големина би можеле да се натпреваруваат со митските морски чудовишта како што е кракен.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според истражувањата, овие праисториски цефалоподи можеле да достигнат должина од 7 до 19 метри, што ги прави меѓу најголемите безрбетници опишани досега, објави денес РИА Новости.

Научниците дошле до реконструкцијата анализирајќи фосилни остатоци, првенствено на тврдите делови од клунот направени од хитин, бидејќи меките ткива кај овие животни ретко се зачувани, според студија објавена во списанието Сајенс.

Истражувањето покажа дека овие џиновски октоподи постоеле во доцниот креда период, пред околу 100 до 72 милиони години, и биле активни предатори кои се хранеле со големи морски влекачи како што се плезиосаурусите и мозасаурусите.

Авторите на студијата наведуваат дека ознаките на фосилизирани клунови укажуваат на комплексно однесување и можни асиметрии при лов, што може да укажува на повисоко ниво на нервна организација и потенцијална интелигенција кај овие животни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ