По трите порази во првите три кола во кои не постигнаа ниту гол, Арсенал конечно се израдува на првата победа откако со 1-0 го добија Норич.
Единствениот погодок го постигна Обамејанг во 66. минута од натпреварот.
Манчестер Сити со три бода се враќа од тешкото гостување кај Лестер, победи со 1-0.
Бернардо Силва во 62. минута го постигна победничкиот гол за тимот на Пеп Гвардиола.
Вулвс со 2-0 победи на гостувањето кај Ватфорд, Брајтон со 1-0 славеше гостинска победа кај Брентфорд, немаше голови на дуелот меѓу Саутемптон и Вест Хем.






