сабота, 23 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дрско лаже за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска

Објавено на

часот

Сподели

„Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска.

Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помегне да го одбегнат поразот од народот кој им следи”, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека ова не е прв пат, како што велат, СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши и дека тоа станува дел од нивната стратегија „додека Заев врши притисоци врз членови на историската комисија да потпишат тоа што Заев во 4 очи договорил да продаде со бугарската власт”.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ