Рускиот претседател Владимир Путин во петокот ѝ нареди на војската да подготви опции за одмазда против Украина откако Москва го обвини Киев за она што го нарече намерен напад со дрон врз колеџ во градот Старобилск.
Украинската војска негираше одговорност за нападот, тврдејќи дека погодила елитна командна единица за дронови во областа и дека нејзините сили го почитуваат меѓународното хуманитарно право. Путин истакна дека нема воени објекти во таа област.
Ројтерс наведува дека не може независно да потврди што се случило.
🇷🇺 The BBC has declined Russia’s offer to visit the Starobelsk college in Lugansk, and CNN told the Russian Foreign Ministry they were on a summer break.
I remind you at the UNSC yesterday, western members accused Russia of lying because no western media verified the attack. https://t.co/wYsQLPcJ2l
— Spetsnaℤ 007 🇷🇺 (@Alex_Oloyede2) May 23, 2026
На местото на настанот, денес бил употребен кран за отстранување на урнатините од огромната дупка во зградата. Во една уништена училница, цигли и прашина ги покривале редовите клупи, додека на ѕидот беше напишано „Го сакам англискиот“. На други места, скалите биле блокирани од урнатини.
Руската државна новинска агенција РИА објави дека бројот на жртви се искачил на 16, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации. Пет лица сè уште се заробени под урнатините.
Леонид Пашечник, шеф на руската администрацијата на регионот, објави прелиминарен список на 11 жртви, од кои повеќето се 19-годишни жени.
Локален жител кажал дека ракетите погодиле поранешна база, а потоа дронови погодиле студентски дом, предизвикувајќи пожари.
Russia’s LDPR party offers to pay for tickets to Starobelsk for ALL European journalists
‘Come! Look into the eyes of parents whose children DIED under rubble’ — party leader Slutskyhttps://t.co/EitKsm3QjU pic.twitter.com/ixanMCUgVk
— RT (@RT_com) May 23, 2026
На вонредната седница на Советот за безбедност на ОН, која ја свика Русија во петокот, Москва ја обвини Украина за воени злосторства поради тој инцидент, додека Украина објави дека станува збор за неосновано тврдење кое не е независно потврдено.
Неколку земји побараа пристап до местото, додека претставници на ОН ги осудија сите напади врз цивили, потсетувајќи на рускиот ракетен напад врз магацин на ОН во Украина оваа недела, во кој загинаа двајца работници и беше уништена помош од 1 милион долари.






